Словенечката престолнина Љубљана денеска беше сведок на драматичен инцидент во кој полицијата усмрти маж на еден од градските плоштади. Според првичните информации, полициските службеници биле принудени да употребат огнено оружје откако мажот претставувал директна закана за нивната безбедност и безбедноста на граѓаните.

Настанот се случил на фреквентна локација, а сведоци тврдат дека полицијата неколкупати го предупредила лицето да се смири и да го фрли оружјето (најверојатно нож) пред да дојде до фаталните истрели. И покрај брзата интервенција на медицинските екипи, мажот им подлегнал на повредите на самото место.

Словенечката полиција веднаш го обезбеди просторот и започна со увид.

„Во тек е истрага за сите околности на настанот, вклучително и оправданоста на употребата на присилните средства од страна на полициските службеници“, се вели во кусoто соопштение на надлежните органи.

Повеќе детали за идентитетот на убиениот и мотивите за неговото однесување се очекуваат во текот на денот, по завршување на вештачењата.

Exit mobile version