Утрово околу 04:05 часот во СВР Скопје е пријавено дека три лица со употреба на сила влегле во продажен објект на ул.„Тале Христов“ во Скопје, при што предизвикале пожар и заминале од местото.

Пожарот е изгаснат од полициски службеници со противпожарен апарат, апри гаснење на пожарот дваја полициски службеници вдишале чад и биле пренесени во Клиниката за токсикологија при Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Извршен е увид  и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Exit mobile version