Драма во Шутка: Татко дошол по ќерката, му извадиле секири па завршиле во болница

 

Триесетина минути по полноќ во Единицата за информации и команда Скопје, 42-годишниот Д.Ш. од Куманово пријавил дека околу  20 часот во населба Шуто Оризари, се одвивала драма.

Тој и неговото семејство биле физички нападнати од страна на 22-годишниот Б.Џ. од Скопје и уште неколку непознати лица. Д.Ш. претходно договорил средба со Б.Џ. со кого претходно побегнала неговата ќерка Е.Ш. (19). Кога стигнал со неговото возило „Голф 3“ со кумановски регистарски ознаки, заедно со неговата сопруга З.Ш. (39), неговиот брат Ш.Ш.  (40) и неговиот 17-годишен син, го забележале Б.Џ. со повеќе непознати лица.

Тој веднаш почнал да го удира Д.Ш. со дрво и му нанел телесни повреди во пределот на главата и телото. Потоа се придружиле и другите лица кои физички ги нападнале сите лица во возилото “голф“, удирајќи ги со раце и нозе по главите и телата. Во еден момент Е.Ш. успеал да избега. Потоа Б.Џ. земал секира, но Ш.Ш., Д.Ш. и З.Ш.  побегнале.

Во врска со овој настан, во Полициската станица Чаир, Р.А. (61) од Скопје  пријавила дека околу 19.40 часот дошле лицата Б.Џ., Б.Д. (50) и Е.С. (27), сите од Скопје, и со секира и дрвена палка ја скршиле влезната врата и го нападнале нејзиниот внук Е.Ш.

Од страна на Итна медицинска помош Д.Ш., Ш.Ш. и З.Ш. биле пренесени во Градската општа болница „Св. Климент Охридски“, додека Е.Ш. бил однесен во Ургентен центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“ Скопје. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

 

 

 

14.03.2018 - 11:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа