Драма во основно училиште во Скопје: Наставничка ја нападнала директорката

 

Во Секторот за внатрешни работи Скопје вчера околу 10:30 било пријавено дека истиот ден околу 10:10 часот во основно училиште во село Зелениково се случила тепачка помеѓу директорката на училиштето и вработена наставничка.

Како што информираат од МВР, во ходникот пред канцеларијата на директорката, вработена наставничка, по претходна вербална расправија, физички ја нападнала директорката.  

Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

 

 

 

 

13.06.2018 - 13:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега