Драма во Куманово: Со автомобил удрил во 15- годишно момче, а потоа и физички го нападнал

 

Малолетник бил повреден додека управувал со мопед, по што бил и физички нападнат.

Според пријавеното на 08.07.2020 во 23.00 часот во СВР Куманово, М.Ш.(37) од с.Матејче, општина Липково, пријавил дека околу 19.40 часот неговиот 15 - годишен син, кој управувал мопед „пежо“ на место викано „Јурија“ во село Матејче, по претходна расправија околу сообраќајот, бил удрен со возило „голф“ и бил физички нападнат од Ф.Б., кој го управувал возилото.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

09.07.2020 - 17:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега