Драма во Куманово: Натоварил мигранти, направил сообраќајка па ги оставил повредени

Кумановчанец го наполнил возилото со мигранти, удрил во полициско возило, ги оставил повредени и избегал.

Околу 02 часот во СВР Куманово било пријавено дека на патот село Сопот, кумановско, патничко моторно возило „БМВ“ со скопски регистарски ознаки, удрило во службено полициско возило и побегнало.

Околу 02.18 часот на патот Табановце-Куманово патничкото возило било пронајдено надвор од коловозот, а во него биле затекнати повредени двајца мигранти од Авганистан. Тие биле пренесени во Комплексот клиники ,,Мајка Тереза’’, каде им биле констатирани тешки телесни повреди.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Куманово.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

12.09.2019 - 10:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега