Драма во Косово: Специјалци влегле во Митровица - вечерва вонредно обраќање од српската Влада

Нова драма се одвива на северот на Косово, јавува српскиот медиум Курир.рс.

Неколку стотици специјалци, кко што пишува тој медиум, вооружени до заби, придружувани од оклопни возила, влегле во северниот дел на Митровица и го блокирале целиот град.

Полицијата на Косово вечерва соопшти дека во наредните денови ќе го засили присуството на северот на Косово и додаде дека одржувањето на јавниот ред е една од нивните главни цели.

Директорот на Канцеларијата за Косово и Метохија, д-р Петар Петковиќ, вечерва во 23 часот во прес-салата на Владата на Република Србија ќе одржи вонредна медиумска конференција.

08.12.2022 - 21:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа