Драма во Кондово: Го нападнал соседот со нож, а потоа со секира му влегол во двор

 

Двајца жители на Кондово физички се пресметале, по што еден од нив земал нож и се обидел да го нападне другиот.

„На 08.08.2020 во 23:00 часот Б.М.(65) од с.Кондово-скопско пријавил дека бил физички нападнат од С.С.(21) од истото село, по што му се заканил со нож, а пријавителот успеал да се отргне од него.

Потоа С.С. отишол во неговиот двор и со секира  тргнал кон Б.М. да го нападне но,  бидејќи се собрале повеќе соседи се повлекол“ велат од полиција.

Се работи на расчистување на случајот.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

09.08.2020 - 13:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега