Вчеравечер, во храмот „Св. Вмч. Георгиј“ во Кочани, се случил обид за кражба, при што сторителот се обидел насилно да влезе во црковниот објект.
Според првичните информации од луѓето што интервенирале, по неуспешниот обид за разбивање, лицето се дало во бегство, но при тоа се заглавило на металната ограда околу храмот.
На местото на настанот интервенирале полициски службеници, екипа на Територијалната противпожарна единица – Кочани, како и Итната медицинска помош, со цел безбедно извлекување на лицето.
Инцидентот се случил во ноќните часови, непосредно пред одбележувањето на храмовата слава на црквата „Св.великомаченик Ѓеорги Победоносец“, што утринава предизвика дополнително вознемирување и рееакции кај граѓаните.
- Нека не ве лаже сонцето, понесете чадор – УХМР со вонредна прогноза
- Дневен хороскоп: Еден знак го чекаат компликации на работа, за друг интуицијата е клучна во љубовта
- Мицкоски: Го штитиме животниот стандард и обезбедуваме сигурност за граѓаните
- Сеноќно бдение во Бигорски за празникот на иконата „Достојно ест“
- ВМРО-ДПМНЕ: За Филипче нема црвени линии, ќе тргува со македонскиот идентитет за власт
- Црвен метео аларм низ Европа – Горештини и во регионот, па силно невреме, доаѓа и кон Македонија
- Сопругата на македонскиот државјанин осомничен за убиство во Грција: „Невин е, го поддржувам до смрт, таа беше чудна жена”
- СДСМ: Наместо повисоки плати за народот, парите Владата ги троши за криминални партиски тендери


