Драма во кичевско: Се слушнал истрел, па настанала групна тепачка

Вчера околу 17 часот во ПС Кичево било пријавено дека во село Пополжани  дошло до  физичка пресметка меѓу В.Г. ( 66) од Кичево и  И.Л. (39) од Кичево, С.Л. (37)од Кичево, Д.Л. (31) од Кичево и други лица.

Според пријавеното, додека В.М.бил на прозорецот од неговата куќа, по селскиот пат поминувале другите лица и во еден момент се слушнал истрел, кој според пријавеното го испукал В.Г. од својот пиштол.

Веднаш потоа, инволвираните физички се пресметале. По пријавувањето на случајот преземени се соодветни мерки за расчистување.

В.Г. е приведен во полициска станица, а во ПС е земена изјава и од другите инволвирани во случајот. Известен е јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

20.01.2019 - 15:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега