Вчера во 19:00 часот, во кичевското село Челопеци, лишен од слобода е Ѓ.Р.(48) од истото село по претходна пријава дека во семејниот дом, бил агресивен кон членови на неговото семејство.

Тој откако ги забележал полициските службеници кои пристигнале и отпочнале со преземање службени дејствија, се обидел со лопата а потоа и со нож да ги нападне.

По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Exit mobile version