Драма во Кичево: Маж нападнат, застрелан, па ограбен среде улица

Шеесет и двегодишен маж од Кичево со иницијали М.Т.  вчера попладне пријавил во полиција дека физички го нападнале неколку лица на улицата „Арсо Војвода“ – соопштија денеска од МВР.

Според пријавата, едно од лицата со пиштол му нанело прострелна рана, по што му одзеле поголема сума на американски долари, евра и денари, во разни апоени.

М.Т. бил пренесен во Здравствен дом Кичево за укажување на лекарска помош. Се преземаат мерки за целосно расчистување случајот – додаваат од МВР.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

16.01.2021 - 17:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега