Драма во Катланово: Малолетен моторциклист нападнат со секира

Вчера околу 17 часот и 30 минути во СВР Скопје, 17- годишниот Ф.С од село Катланово пријавил дека во атар на село Катланово, кај „Катлановска Бања“, непознато лице се обидело да го нападне со секира.

Според пријавеното, додека Ф.С. управувал мотоцикл, бил повикан од непознатото лице кое со секира замавнало кон него и со секирата удрило во задниот дел од мотоциклот.

После тоа, исто така според пријавата, Ф.С избегал и за настанот го известил неговото семејство. Кога сите заедно повторно отишле на местото го збележале лицето со нож во раката, по што заминале.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

15.05.2019 - 15:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега