Драма во Карпош: Уапсени мајка и син

 

Мајка и син биле уапсени рано утринава во Карпош поради нарушување на јавниот ред и мир, најпрвин синот, а потоа и мајката, бидејќи во полициската станица жената се однесувала агресивно откако не и било дозволено да влезе да го види синот.

„На 29.06.2020 во периодот од 03.50 часот до 06.10 часот на подрачје на Карпош, полициски службеници од Полициска станица Карпош ги привеле С.Л.(22) и Л.Н.Е.(45), двајцата од Скопје, бидејќи во 03.50 часот на крстосницата од бул.„Партизански одреди“ со ул.„Бледски договор“, С.Л. кој бил во алкохолизирана состојба го нарушил јавниот ред и мир со агресивно однесување кон полициски службеници, додека во 06.10 часот во просториите на Полициска станица Карпош, Л.Н.Е. го нарушила јавниот ред и мир со агресивно однесување, бидејќи не ѝ било дозволено самоволно и без дозвола да влезе во просторија каде бил нејзиниот син С.Л., кој бил претходно приведен.“

По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

30.06.2020 - 10:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега