Драма во Грција: Морските струи однесоа мало девојче со гума среде море

Мало девојче со гума- еднорог било однесено  од морските струи и е спасено од локален ферибот, наведуваат грчките медиуми.

Инцидентот се случил вчера во морското подрачје крај градот Антирио во Коринтскиот Залив.

Девојчето помеѓу 4 и 5 години, наводно,им избегало од „вниманието на родителите“ и било однесено од брегот со силните струи .

Кога родителите сфатиле дека нивната мала ќеркичка не се гледа во морето, ги известиле пристанишните власти , кои го алармирале капетанот на локалниот траект „Саламиномахос“.

Капетанот на траектот на линијата Рио-Антирио го нашол детето среде морето и полека се приближувал со траектот.

Членовите на екипажот го спасиле девојчето , кое било во својата гума на надувување .

Девојчето, кое било мирно за време на авантурата, им било неповредено предадено на родителите.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

24.08.2020 - 21:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега