Вчера во 22:50 часот во Скопје, полициски службеници го лишија од слобода П.Г.(50) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека пред маркет на подрачјето на Ѓорче Петров во Скопје физички ги нападнал В.С.(40) од Скопје и С.В.(51) од Крива Паланка, а потоа со закани ја внел во патничко возило неговата 44-годишна поранешна партнерка и физички ја нападнал.

По извршени проверки е констатирано дека П.Г. е под дејство на алкохол, односно дека има 1,15 промили алкохол во крвта.

По целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветена пријава.

Exit mobile version