На 17 февруари 2026 година, во 07:30 часот, полициски службеници од СВР Скопје привеле 17-годишник од Скопје, постапувајќи по претходна пријава за физички напад.

Според пријавеното, во автобус на ЈСП Скопје на подрачјето на Кисела Вода, малолетникот заедно со уште неколку лица физички ги нападнале Д.Б. (18) и Б.Ј. (18), двајцата од Скопје.

Надлежните служби преземаат мерки и активности за целосно расчистување и документирање на случајот.

Exit mobile version