Драма во Австралија: Исчезна мајка заедно со своите три деца, полицијата на нозе

Полицијата трга по жена од Волонгонг во Австралија, кога исчезна со своите три деца, пишуваат австралиските медиуми. На мајката заедно со нејзините мали дечиња од вчера им се губи секој траг, а полицијата побара помош од највноста за нејзино лоцирање, пишува српски „Курир“.

Мајката Кара Тауни (28) од Албион Парк Рејл последен пат е видена во средата на 11 декември околу 17 часот по локално време. Службениците од локалниот полициски округ се обавестени за тоа и започнаа истрага, но досега не успеаја да ја пронајдат.

Со неа се исчезнати и нејзините три деца, Тиа Кларк (3), Џеда Кларк (2) и Терел Кларк (4). Кара Тауни е опишана како жена со средна градба, со висина од околу 160 сантиметри, долга смеѓа коса и смеѓи очи.

Полицијата и семејството се загрижени за нив и апелираат на сите кои имаат било какви информации да ѝ се јават на полицијата.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

12.12.2019 - 10:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега