Драма пред Сити Мол: Приведени три лица, интервенирале Алфите

 

Во средата околу 21 часот и 50 минути полициски службеници од Полицијата  Карпош во содејство со припадници на единицата “Алфа“ при контрола на патничко возило “Форд фокус“ со прилепски регистарски таблички паркирано во близина на Трговскиот “Сити Мол“ откриле и заплениле одредено количество оружје и муниција.

Имено при прегледот на возилото, пронајдени се: еден пиштол марка “Умарех“ 4.5мм 177; еден пиштол марка “Берета“ 4.5мм, еден пиштол марка “Екол Алп“ кал.9.мм , една фантомка црна боја; четири ножеви на расклопување; три помали ножеви скриени во футрола; еден куршум 9мм за огнено оружје-пиштол; еден куршум НН калибар; седум куршуми за пиштол за светлосна звучна сигнализација, како и еден магацин од пиштол со 10 куршуми за светлосно звучна сигнализација и друго.

Истовремено во Полицијата Карпош се приведени лицата А.К. (42), М.М. (31) и Ј.С. (32) сите од Прилеп, кои што биле во возилото и против нив по целосно документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

 

 

 

12.01.2018 - 13:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа