Драма на Водно: Од Црвен Крст тргнале да спасуваат повреден маж па излетале со возилото

Во 15,35 часот Т.Б. од Црвен крст во СВР Скопје пријавила дека над детското одмаралиште на Водно, додека се обидувале да стигнат до повредено лице на патеката, патничко моторно возило на Црвен крст “дачиа дастер“ излетало од патот и не биле во можност да пристапат до повреденото лице.

Од екипа на  противпожарната бригада повредениот Г.С.(52) од Скопје бил извлечен, по што бил пренесен во комплексот клиники “Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош и од страна на лекар констатирана била тешка телесна повреда што ја здобил додека се движел на Водно.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

26.01.2020 - 15:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега