Драма на протестите во Ново Мексико: Се обидел да сруши споменик од 16 век, па бил застрелан (ВИДЕО)

За време на протестите во американската сојузна држава Ново Мексико, маж се обидел да го собори споменикот на шпанскиот истражувач Хуан Де Оњате пред музејот во Албакерки, при што бил застрелан со огнено оружје.

Како што пренесуваат тамошните медиуми, до инцидентот дошло после судирот на група на граѓани кои се обидувале да го споменикот на Оњате и неколкумина вооружени членови на „цивилна милиција“ на Ново Мексико.

Демонстрантите и припадниците на цивилната милиција се судриле во центарот на градот пред градскиот музеј, а откако дошло до голема тепачка, некој испукал пет куршуми со огнено оружје.

На видео снимките кои се појавија на социјалните мрежи може да се види како по инцидентот едно лице лежи на земјата, додека неколкумина се обидуваат да му помогнат. На друга снимка се гледа како неколку лица лежат на земјата додека полицијата ги апси, а на трета снимка како полицаец бара заштита за време на пукањето.

Антирасистичките протести кои избија поради смртта на Афроамериканецот Џорџ Флојд кој беше убиен при апсење од полицијата во Минеаполис, започнаа „лавина на уништување“ на споменици на личности поврзани со освојување и покорување на домородни населенија.

Инаку, Хуан Де Оњате е освојувач кој во 1599-та година ги водел шпанските доселеници кои по доаѓањето во Ново Мексико го масакрирале племето Пуебло.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

16.06.2020 - 09:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа