Драма на Попова Шапка: Хрват се качил на ратракот на тетовец и почнал да ги навредува неговите патници

 

Завчера околу 16.00 часот во СВР Тетово, М.С, косопственик на фирма од Тетово, пријавил дека кај место викано „Вакуф“, во планинскиот предел на Попова Шапка, додека со ратрак превезувал патници по планинскиот предел, бил пресретнат од друг ратрак, сопственост на фирма од Скопје и почнал да ги навредува патниците.

Според пријавеното, во тој момент од него излегол сопственикот на таа фирма, Т.Т.(49) од Хрватска, со регулиран привремен престој во Тетово, се качил на неговиот ратрак и почнал да ги навредува патниците - странски државјани и барал од нив да не се возат со ратракот на М.С, по што заминал.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

18.02.2020 - 16:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега