Драма на Партизанска: По тепачката, почнал да му се заканува и со пиштол

 

Тепачка меѓу двајца мажи настанала во Скопје, по што морала да интервенира полицијата.

Вчера во 13:00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул. „Партизанска“ бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу 61-годишниот И.И. и 67-годишниот А.Љ., двајцата од Скопје, поради меѓусоседско недоразбирање.

Според пријавеното, тие во пресметката употребиле тврди и остри предмети, а биле разделени од неколку присутни. При пресметката, според пријавата, Љ.А. внук на А.Љ., со пиштол му упатил закана на И.И.. Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

15.11.2019 - 16:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега