Драма на небото над Атланта: Авион “пропаднал“ 9.000 метри за седум минути

Голема паника имало во авионот на компанијата Делта во САД кога авионот за седум минути изгубил речиси 9.000 метри висина. Патниците мислеле дека е готово со авионот и почнале да си кажуваат меѓу себе последно збогум.

Инцидентот се случил на летот од Атланта до Форт Лодердејл и речиси на пола пат, кога авионот бил на висина од 11.800 метри понирал до 3.038 метри.

Компанијата соопшти дека станувало збор за губење на кабинскиот притисок и од тие причини се пристапило кон безбедносно спуштање на аеродромот во Тампа (Флорида).

Еден од патниците за телевизија изјави:„Одеднаш почувствував како паѓаме. Ја губевме висината и маските за кислород почнаа да паѓаат. Настана хаос меѓу патниците. Успеав да воспоставам врска со мојата девојка и со родителите и им кажав дека нешто страшно се случува, додека стјуардесите објавуваа „Не паничете“. Очигледно, стануваше збор за тешка ситуација“, рече Херис деБоскин.

Според податоците, авионот на Делта во 4.34 часот бил на висина од 11.800 метри висина, а во 4.42 на само 3.038 метри.

Како и да е, ниту еден од патниците и членовите на екипажот не бил повреден.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

20.09.2019 - 14:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега