Драма на Јадранот - морските струи ја повлекле жената на отворено море, а сè е снимено со камера

Морнарите од бродок кој што пловел во близина побрзале да ја спасат жената. Австралијанка, на старост од 79 години за малку ќе се удавела во Јадранското море, а случајно ја спасиле морнари кои тогаш поминувале на тоа место.

Вистинска драма се одвивала во неделата на отворено море кај Златниот 'рт.

Туристичкиот брод „Дизајр“ од Крила Јесеница пловел по вообичаената рута од Сплит кон оваа популарна плажа кога во морето случајно забележале повозрасна жена.

„Вообичаено застануваме отприлика на 300-400 метри од врвот за гостите да се фотографираат, но додека се движевме, од десната страна видовме дека госпоѓата е во морето. Кога се приближивме со бродот видовме дека лежи на грб, беше при свест, но не одговараше на нашите зборови затоа што беше во шок“ - изјавил капетанот на бродот, Јаков Кеперниќ.

Кога ја извлекле на бродот дознале дека станува збор за 79-годишна Австралијанка која тргнала со пливање на плажата Златен 'рт. Ветрот дувал силно па струјата ја повлекла на отвореното море.

 

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

12.09.2019 - 20:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега