Утрово во 06:30 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци ја привеле Е.К.(28) од село Ваташа, кавадаречко, затоа што на бензинска станица во Кавадарци го нарушила јавниот ред и мир со недолично и дрско однесување кон вработените, туркала предмети во објектот на бензинската станица, а по доаѓање на полициските службеници, таа агресивно се однесувала и кон нив.
При преземање на мерки, кај неа биле измерени 1,95 промили алкохол во крвта, соопштија од СВР Велес.
Таа била задржана во полициска станица и по документирање на настанот против неа ќе била поднесена соодветна пријава.

