Драма на бензинска пумпа во Битола: Маж се заканувал со пиштол

Секторот за внатрешни работи Битола – Отсек за општ криминал при СВР Битола денеска поднесе кривична пријава против Г.Т.(42) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“, казниво по член 133 од Кривичниот законик.

Осомничениот вчера во 22.30 часот на бензинска пумпа во Битола, по претходна расправија со вработените во агенција за обезбедување во објектот, пријавениот им се заканувал со огнено оружје.

20.06.2024 - 14:40

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега