Сериозен инцидент се случи попладнево во 17:35 часот на автопатот кон Велес. Огромен одрон од карпа паднал веднаш по тунелот „Бадар“, зафаќајќи ги двете ленти на автопатот. Иако сообраќајот засега не е во целосен прекин, полицијата и екипите на „Македонија пат“ се на терен и прават напори за расчистување на опасните остатоци.

Истовремено, зимата почна да прави проблеми и на границите. Од 18:15 часот воведена е целосна забрана за товарни возила на патниот правец Струга – Ќафасан, поради влошување на временските услови на превојот.

Exit mobile version