Драма на аеродром во Далас: Жена излегла од тоалет и почнала да пука

Полицијата уапсила една жена која наводно пукала со пиштол во воздух на аеродром во Далас.

Инцидентот се случил околу 11 часот по локално време, кога 37-годишната жена пристигнала на аеродромот.

Жената влегла во купатило, по што излегла во дуксер и почнала да пука со пиштол, а веднаш потоа реагирал еден полицаец кој се нашол во близина.

Полицаецот пукал во нејзините нозе, по што жената била уапсена, а засега не е позната причината поради која решила да направи ваков инцидент.

25.07.2022 - 20:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега