Драма: Мигранти од Сирија најдени во Македонија, возачот бегал од полицијата

Вчера околу 05:10 часот во близина на крстосница „Богородица“ на локалниот пат Гевгелија – Богданци се случувала вистинска драма кога возач со мигранти не застанал на полициски знак.

„Полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор и граничен премин Богородица забележале како од патничко возило „мерцедес“ излегле повеќе лица мигранти, по што возилото продолжило во правец на автопатот А1 кон наплатната рампа Смоквица и не застанало на знак за запирање даден од полициските службеници. По преземени мерки и пребарување на теренот биле пронајдени 13 лица мигранти од Сирија, а било пронајдено и возилото“, информираат од МВР.

Мигрантите биле спроведени во Прифатно-транзитниот центар „Винојуг“ во Гевгелија. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

28.11.2022 - 16:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега