Вистинска драма се случувала денеска во близина на езерото Матка, откако патничко возило излетало од патот и завршило во водите на реката Треска. Центарот за управување со кризи (ЦУК) информираше дека по добиената пријава од МВР, веднаш биле преземени мерки за заштита на лицата и извлекување на возилото.

За да се овозможи безбеден увид и акција за извлекување, ЦУК побарал од ХЕЦ „Матка“ итно да се намали испустот на вода од браната. Според официјалните информации од МВР, возилото е успешно извлечено, а за среќа, нема жртви ниту повредени.

„Сите инволвирани во настанот се здрави, контактибилни и вон животна опасност“, соопштија од ЦУК.

Exit mobile version