„Драги соседи, вечерва ќе има забава“ - сосетка нашла начин да ги поткупи другите станари

Со соседите секогаш треба да се биде љубезен затоа што никогаш не се знае кога ќе ви затреба некоја помош од нив во итни ситуции. Но,  некогаш соседите треба да се подмитат за свое добро.

Во влезот на една зграда во Белград станарите наместо да стравуваат од соседите дали ќе повикаат полиција поради гласна музика, се воделе со девизата - подобро да се спречи, отколку да се лечи. Ја решиле работата на едноставен и симпатичен начин.

„Драги соседи, во четврток 10. октомври ќе биде организирана забава во станот по повод роденден. Однапред се извинуваме поради можната бука и ви се заблагодаруваме на разбирањето. Во знак на благодарност, мал знак на внимание. Пријатно“, стои во пораката залепена на влзот во зграда.

Под пораката оставиле крем-банани за соседите да се послужат.

Drage komšije razumite me

 

 

 

Добивајте вести на Viber

11.10.2019 - 21:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега