Др. Хасани: Бројот на заболени со коронавирус е поголем од објавениот

Директорот на Ургентниот центар во комплексот на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ вели дека бројот на заразени од вирусот Ковид-19 во Македонија е поголем од официјалниот, 285.

Тој во емисијата “Клик Плус“ на телевизија Тв21 изјави дека нема ништо чудно и ненормално во епидемиолoшката и здравствена наука бројот на заболени лица од одредена болест да биде поголем од бројот кој што јавно се објавува.

– Нормално е да има се повеќе и повеќе случаеи. Кога бројот на заболени ни е 285, тогаш сме сигурни дека бројот на заразени е поголем. Не е ништо ненормално во епидемиолошката наука, односно во здравствената наука бројот на заболени да биде многу поголем од бројот што се објавува, рече Хасани.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

30.03.2020 - 22:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега