Доживотна робија за најбараниот терорист - убил над 2000 лица

Најбараниот светски терорист Карлос Шакал ќе лежи доживотна робија откако судот во Париз му ја одбил жалбата и го потврдил злосторството кое што го извршил. Имено Шалак е одговорен за напади на два авиони железичка станица и на улица во париз каде загинале 11 а биле ранети повеќе од 150 лица. Тој во својот живот убил повеќе од 2000 лица од кои само 200 биле случајни цивили кои што се нашле на местото на злосторот. Тој е одговорен за повеќе од 100 напади а пред судот се бранел дека не е терорист туку борец за човекови права. Вели дека бројот на цивилните жртви биле занемарливи.  

Судот во Париз ја одбил жалбата на некогаш најбараниот светски терорист Карлос Шакал, односно му ја потврдил доживотната казна затвор за четири одвоени напади на два авиона, железничка станица и на улица во Париз во кои погинале 11, а биле ранети повеќе од 150 лица.

"Тероризмот ќе постои додека империјалистите владеат со светот. Јас сум непријател на терористите како што се САД и Израел", ги објаснил Шакал своите ставови и мотиви.

најчитано сега