Доживотен затвор за тројца обвинети во „Монструм“

Во основниот Кривичен суд беше соопштена пресудата за случајот „Монструм“ кој се однесува на петкратното убиство кај „Смилковско езеро“.

Доживотен затвор добија Алил Демири и браќата Агим и Африм Исмаиловиќ, за кои судијата рече дека се виновни за кривичното дело „тероризам“. 

Фејзи Азири кој се огласи за виновен за помагање е осуден на 15 години

На Хаки Азири му е одредена 9 години затворска казна.

На обвинетиот Самир Љута му се одбива обвинението.

-Овде никако не се работи за обичен случај, туку станува збор за монструозно садистичко убивање и ликвидирање на деца, кои едвај станале полнолетни. Замислите како се чувствувале овие деца, клекнати на своите колена, што ли им прошло во тааа секунда и како се чувствувале, истакна судијата.

Убиствата кај Смилковското езеро се случија на 12 април 2012 година, на Велики четврток, пред празникот Велигден, кога беа убиени момчињата Кире Тричковски, Филип Славковски, Цветанчо Ацковски, Александар Наќевски и рибарот Борче Стефановски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

23.02.2021 - 11:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега