Доживотен затвор за 121 лице поради неуспешниот обид за пуч во Турција

Суд во Анкара осуди на доживотен затвор 121 лице за наводна вмешаност во обидот за воен преврат во 2016 година, јави Анадолија.

Судот осуди на строг доживотен затвор 86 лица поради „обид за кршење на Уставот“ и уште 35 луѓе на доживотен затвор.

Строг доживотен затвор предвидува потешки услови во затворот.

Турција го обвинува Фетулах Ѓулен за обидот за воен удар на 15 јули 2016 година и досега затвори илјадници луѓе за наводни врски со него. Од декември минатата година досега, 1.934 лица се осудени на доживотен затвор.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

26.06.2020 - 22:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега