„Доживеав хорор сцена како од филм“ - српската пејачка се обиде да се самоубие, а тоа во живо го сподели на Инстаграм

Контроверзната пејачка Дуња Илиќ, која веќе некое време живее во Италија, направила хаос во медиумите објавувајќи во живо на Инстаграм дека испила многу таблети и дека ѝ е доста од животот.

Фановите и медиуми се загрижиле, а со оглед на тоа дека живее во странство навистина е тешко да се дознае што се случило со пејачката. Многу нејзини следбеници прашувале на Инстаграм, барајќи некаква информација за српската пејачка.

„Нејзиното момче Фреди напиша на стори дека синоча доживеал сцена од хорор филм, но ноќта завршила така што спасил една душа“, стигнала наводно првата информација за Дуња, пренесува Курир.рс

Како што јавуваат белградските медиуми, Дуња била пронајдена во бесознание. Помош ѝ била укажана и била пренесена во болница на чистење на желудникот. Таа во моментов закрепнува, а нејзините пријатели и членови на семејството биле шокирани од ова сознание. Нејзината мајка наскоро треба да тргне за Болоња за да биде заедно со своето дете.

Дуња се вклучила во живо на Инстаграм и рекла дека е уморна и дека умира.

„Умира, се плашам од непознатото. Ве молам слушајте ме, не го кажувам ова за да бидам во центарот на вниманието. Престанав да пијам алкохол пред една година и да земам кокаин. Сега умирам и не ми е грижа ако и не умрам, и тогаш нема да ми е грижа. Малтретирана сум од својата петта година. Кога отидов со татко ми и неговата тогашна девојка на едно патување, таа велеше дека неговиот однос кон мене е класичен инцест и болест. Јас верувам и ден-денес дека мојот татко кон мене имал емоции кои не се во склад со татковството. Ќе умрам, немам што да изгубам“, рекла Дуња и потоа раскажала дека се сомнева дека нејзините родители не се навистина нејзини, дека таа е посвоена.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

20.09.2019 - 18:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега