Утрото ќе започне со ведро и студено време, а во текот на денот ќе има променлива облачност со повремени сончеви периоди. Ќе дува умерен југоисточен ветер, кој на места долж Повардарието повремено ќе засилува.
Во Скопје ќе преовладува променливо облачно време со сончеви интервали и умерен ветер од југоисток.
Во текот на ноќта и во петок, под влијание на влажен бран, ќе има повремени врнежи од дожд, а на повисоките места дожд и снег, додека на планините ќе паѓа снег. Во западните делови врнежите ќе бидат пообилни (до 25 l/m²), со можност за појава на локални грмежи.
За викендот времето ќе биде постудено и променливо облачно, со умерен до засилен северен ветер. Од понеделник следува стабилизирање на времето, со повеќе сончеви периоди и постепен пораст на дневните температури.


