Досие: Илиевски починал од коктел наркотици - позната причината за смртта на пејачот

 

Пејачот Влатко Илиевски кој беше пронајден мртов на 6. јули во својот автомобил на булеварот „Трета македонска бирагада“ починал од огромна количина наркотични средства, објави Досие.

Ова е дел од извештајот на судска медицина за извршената обудкција во кој е наведена причината за смртта. Според извештајот во крвта и организмот на Илиевски биле најдени јаки опојни дроги од кои најсилна кокаин. Но исто така имало и други послаби наркотици и алкохол. Сето тоа довело до предозираност на организмот поради што престанало да работи срцето.
Резултатите се испратени до обвинителството кое треба да постапува по овој случај. Како понатаму ќе се одвива истрагата останува да кажат од обвинителството со оглед дека и според луѓе вклучени во истрагата во неговиот автомобил биле пронајдени траги на наркотици.
Како што веќе е познато, пејачот пред да биде пронајден мртов бил со пријатели в кафеана , но откако заминал никој не знае дали се сретнал со некој и кога ги зел наркотиците. Оние што биле блиски со него тврдеа дека иако постојано покажувал насмевка и среќа длабоко во себе страдал од тешка депресија.

 

 

 

20.07.2018 - 19:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега