Дошла на гласање со заштитна маска со партиски симбол - уапсена Скопјанец

 

Денеска во околу 13:15 часот на гласачко место бр.„2695“ во ОУ „Ѓорѓија Пулевски“ претседателот на избирачкиот одбор побарал интервенција, бидејќи лице влегло на гласање со маска на лицето на која имало партиски симбол и не сакало да ја смени, информира МВР.

- При доаѓање на полициски службеници лицето веднаш ја сменило маската и  му било овозможено да гласа, а од страна на полициските службеници е утврдено дека се работи за Е.Т.(37) од Скопје. Лицето потоа почнало на висок тон да се расправа со полициските службеници по што и била дадена наредба да престане и излезе надвор од училиштето за да не го нарушува јавниот ред и мир за време на гласањето, при што истата одбила и продолжила да го нарушува јавниот ред и мир. Лицето е лишено од слобода и против него ќе биде поднесен записник за констатиран прекршок по чл.4„ Нарушен ЈРМ со карање, викање, дрско и непристојно однесување“  и чл.14„ Нарушување на ЈРМ со непочитување на наредба од УПС“  од ЗППЈРМ - соопшти полицијата. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

15.07.2020 - 18:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа