Досега невидено патување на Руските дипломати: Северна Кореја ја напуштија туркајќи железничка количка рачно (ВИДЕО)

Група руски дипломати и членови на нивните семејства вчера се вратија од Северна Кореја туркајќи ги железничка количка , рачно заради ограничувањата наметнати поради ковид-19 во таа земја, објави руското Министерство за надворешни работи преку објава на Фејсбук, а пренесува АП .

„Бидејќи границите се затворени повеќе од една година и сообраќајот на патници е запрен, персоналот на руската амбасада во Северна Кореја и членовите на нивните семејства тргнаа на долг и тежок пат кон дома“, нашишаа од руското министерство во изјава на Фејсбук.

АП пренесува дека видео објавено од министерството покажува како персоналот на амбасадата  со деца и куфери во количката,навиваат додека две лица ги туркаат преку железнички мост.

Групата патувала 32 часа со воз и два часа со автобус од Пјонгјанг до руската граница, а потоа се качи на железничката количка и поминале околу еден километар преку границата со Русија, наведува агенцијата.

Претставници на руското министерство ги пречекале дипломатите со нивните семејства на станицата од руска страна, а групата потоа патуваше со автобус до аеродромот во Владивосток.

Северна Кореја тврди дека во земјата нема коронавирус, но ги затвори своите граници и го запре сообраќајот на патници со други земји.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

26.02.2021 - 12:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега