Досега невидена фотографија: Тоше, Андријана Јаневска и Каролина на Олимписки игри

 

Фотографија досега непозната за јавноста објави пејачката Андријана Јаневска. На неа може да се видат Тоше Проески кој на раменици ја носи Андријана и Каролина Гочева до нив.

-Каролина Гочева, Тоше Проески и јас, 2000 година во Сиднеј, Австралија. Насмеани и распеани одиме да гледаме кошаркарски натпревар на Олимпијадата. Прекрасни спомени од едно време кога другарството беше најважно, кога зборот суета беше туѓ и кога музиката нè обединуваше, напиша Андријана, додавајќи дека добила дозвола од Каролина и семејството на Тоше за објава на сликата.

 

 

Posted by Andrijana Janevska on Wednesday, 17 March 2021
 

 

 

Добивајте вести на Viber

17.03.2021 - 21:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа