Дополнителниот заменик министер Петровска во посета на СВР-Охрид и ПС во Кичево

Петровска беше информирана и за активностите што СВР Охрид ги презема во контекст на претстојниот избирачки процес, а во насока на обезбедување на мирни, демократски и фер парламентарни избори.

Состојбата на подрачјето во надлежност на Секторот за внатрешни работи Охрид од аспект на безбедноста и на справување и откривање на разните видови криминалитет е стабилна и бележи нагорен тренд во расветлувањето на кривичните дела, истакна денеска дополнителниот заменик министер за внатрешни работи, Славјанка Петровска на работната средба со раководството на оделението за внатрешни работи во ПС Кичево.

Петровска беше информирана и за активностите што СВР Охрид ги презема во контекст на претстојниот избирачки процес, а во насока на обезбедување на мирни, демократски и фер парламентарни избори. Таа нагласи, дека од императивно значење е полицијата целосно да ги испочитува своите обврски и надлежности во поглед на изборните норми, а се со цел да им се овозможи на сите граѓани слободно, непосредно да ја изразат својата граѓанска должност.

Во рамки на работната посета на овој сектор Петровска ги посети и Полициските одделенија во Зајас и Осломеј, како и Езерската полиција во Охрид

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

14.02.2020 - 15:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега