Донирајте за ѓаконијата во храмот „Св. Петар и Павле“

Четириесет лица, секој ден во 13 часот, освен за викендите можат да добијат топол оброк во трпезаријата на ѓаконијата во црквата „Св. Петар и Павле“ во општина Ѓорче Петров.

- Последната донација беше пред 20 дена од млекарницата Здравје Радово која додели 1.250 канчиња кисело млеко, а неколку пати пред тоа доделуваше и млеко во прав. Во 2013 година само три донатори донесоа артикли со кои се подготвуваат оброците, изјави денеска Отец Љупчо Вељановски.

Тој упати апел сите кои имаат можност да помогнат, да се јават на телефонот 02-2041257 и да се заинтересираат на кој начин можат да помогнат за да не се затвори единствената ѓакониска трпезарија во Скопско.

09.01.2014 - 16:43

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега