Доналд Трамп конечно стави маска во јавност

Американскиот претседател Доналд Трамп за прв пат од почетокот на пандемијата со коронавирусот во јавност стави маска.

Трамп беше во посета на воената болница „Валтер Рид“ на периферијата на Вашингтон, каде оствари средби со ранети војници и здравствени работници.

„Никогаш не сум бил против маските“, изјавил тој напуштајќи ја Белата куќа.

Сепак, Трамп претходно има изјавено дека никогаш не би ставил маска и го исмеваше демократскиот кандидат за претседател, Џо Бајден, затоа што тој носи маска.

„Мислам дека кога сте во болница, особено во специјално окржување каде разговарате со голем број војници и луѓе кои, во некои случаи, само што излегле од операционите сали, сметам дека е одлично да се носи маска“, изјавил Трамп.

Промената на неговиот тон доаѓа додека САД забележа нов дневен рекорд од 66.528 нови заразени лица.

Досега во земјата се регистрирани скоро 3,4 милиони случаи на Ковид-19, додека преку 137 илјади лица го загубија животот поради вирусот.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

12.07.2020 - 10:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега