Донација од Кина: Србија доби уште половина милион од вакцините на „Синофарм“

Нов контингент од половина милион дози кинески вакцини од компанијата Синофарм пристигна синоќа во Србија.

Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, и амбасадорката на Кина, Чен Бо, ја пречекаа пратката од Кина на аеродромот „Никола Тесла“ во Белград.

Брнабиќ ѝ се заблагодари на Кина за донацијата, како и за поддршката на Србија за време на борбата против коронавирусот.

„Денес, кога го дочекуваме овој контингент, значи дека имаме милион и пол вакцини Синофарм, рече Брнабиќ.

Чен Бо го пофали процесот на вакцинација во Србија.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

11.02.2021 - 14:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега