Домашен лек за псоријаза - Решение за маката од која многумина се срамат

Домашен лек против псоријаза кој можете лесно и едноставно да го направите дома, а потребни ви се само неколку билки.

Литарско шише или тегла се полни со цвет од кантарион, ситно исечкан цвет од невен и една рака ајдучка трева. Во шишето потоа се додава масло – најдобро е маслиново или сончогледово.

Теглата треба да стои затворена на сончево место 3 до 4 недели. Ќе знаете дека е готово кога маслото ќе стане црвено. Се прецедува низ газа.

Потоа се додава уште 10 грама масло од смрека и 5 грама масло од лаванда. Се’ добро се меша.

Со добиеното масло се мачкаат заболените места 1 до 2 пати на ден.

Маслото може да се употребува и кај други кожни болести: екцеми, лишаи, сува кожа, красти, изгореници.

Ако се потребни облози, се употребува корен од гавез, листови од жалфија.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

11.12.2020 - 15:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега