Дом на 120 метри висина: Македонците сепак сакаат да живеат високо

Пристапната цена за м2 помеѓу 33 и 40 кат, вградената опрема и единствениот поглед, особено во ноќните часови, се дел од причините за огромниот интерес

Млад софтвер инженер, вљубен во висини и слобода на поглед кон хоризонтот. За неа да бидеш дома на 38 кат, значи да уживаш во секој момент од денот и ноќта.

Млад брачен пар, со голем ентузијазам за остварување на животните желби. За нив, домувањто на 35  кат е исполнет сон благодарение на Џевахир Скај Сити.

Скопјанец со свој бизнис во Германија, два до три пати во годината сака да го посетува својот град. Сега кога има стан на 37 кат во една од кулите, да биде во неговото Скопје е поголемо задоволство од било кога.

Ова се само неколкумина од луѓето кои станаа дел до Џевахир Скај Сити во изминатите  3 месеци откако се отворени за продажба највисоките катови од зграда Б. Тие и другите нивни соседи на еден од катовите помеѓу 100 и 120 метри, значат побивње на еден домашен мит. Дека Македонците  не сакаат да живеат високо и се плашат од височина.

Пристапната цена за метар квадратен помеѓу 33 и 40 кат, вградената опрема и единствениот поглед, особено во ноќните часови, се дел од причините за огромниот интерес. Скопјани но и граѓаните од другите делови на дражавата со ентузијазам ја искористија можноста да го најдат својот нов дом високо над градот.

 

Во самиот компллекс веќе работи базен, веленес центар и фитнес клуб а од Џевахир Скај Сити највуваат и дополнителни новитети. Наскоро нови содржини во склоп на комплексот ќе значат зголемен стандрад на живеење за сегашните и идните станари.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

16.05.2019 - 09:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега