Доларот со највисок скок во однос на преостанатите валути

 

Доларот во четвртокот почна да зајакнува во однос на другите валути оддалечувајќи се од двонеделниот минимум забележан на претходното тргување. Ова е резулат бидејќи инвеститорите се повлекоа од пазарот пред монетарните одлуки на трите централни банки.

Главните валути се движеа во тесен опсег, а што само јапонскиот јен беше меѓу губитниците во однос на доларот.

Доларот зајакна 0,2 отсто, а индексот на доларот забележа ниво од 94,93 поени отскокнувајќи од минимумот од 94,73 поени забележани во претходното тргување.

Еврото и фунтата останаа стабилни во очекување на монетарните одлуки на Европската централна банка.

 

 

 

14.09.2018-14:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега