Докторот немал сила да прогласи смрт кај момче кое се удавило во Кина - после 2 часа се случило чудо

Дека чудата се сепак возможни докажало и 5-годишното момче од Кина кое оживеало после скоро 2 часа откако срцето престанало да му чука.

Момчето Лин Лин наводно само си играло кога се лизнало и паднало во езеро за риби во јужна Кина. 53-годишниот Јанг Ју кој таму бил со семејството на одмор, забележал детски панталони како пловат по површината на езерото.

Повикал помош и скокнал во вода кога го видел момчето кое пловело удавено, само неколку метри од него. Иако итната помош веднаш го префрлила 5-годишното момче во болница, докторот констатирал дека за жал детето не диши.

Наредните 40 минути се обидувале оживување. Кога се подготвиле да констатираат смрт, мајката и дедото на момчето ги преколнувале да продолжат.

-Немав срце да прогласам смрт - рекол докторот Ван Бо.

Продолжиле да го оживуваат, а потоа го приклучиле на апарати. Меѓутоа, после 110 минути за некое чудо, детето почнало самостојно да дише.

Докторот Ван будењето на момчето го нарекол чудо, и рекол дека ниукогаш не видел пациент да се врати после толку долго време без отчукување на срцето.

Момчќето било сместено во друга болница поради натаможен третман, и уште некое време ќе прима кислород поради можни оштетувања во мозокот, предизвикани од 100 минути без чукање на срцето.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

15.03.2019 - 09:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега